ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството мора да отвори истрага за комуникацијата на Заев со лажниот Порошенко, поради сериозни индиции за повеќе кривични дела

Основното јавно обвинителство мора да отвори истрага истрага за комуникацијата на македонскиот премиер Зоран Заев со рускиот пранкер кој му се претставил како поранешниот украински претседател Петро  Порошенко, бидејќи постојат сериозни индиции за повеќе кривични дела, како што се нудење поткуп и одавање државни тајни, но и поврзаност со лица против кои се водат процеси во други земји,  рече во петокот Наум Стоилковски, портпарол на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Пораките на Заев објавени во медиумите, покажуваат дека тој во кабинетот на Владата одржувал средби со контроверзниот лик Тал Силберстин, човек посочуван од страна на австрискиот канцелар, Себастијан Курц, како главно осомничен за креирање на аферата поради којашто падна австриската влада. Е токму тој бил примен од страна на Зоран Заев во кабинетот на премиерот во Владата на Република Македонија, и тоа токму во периодот кога се случувала аферата во Австрија. Па дали Заев имал или немал врска со случувањата во Австрија, која е долгогодишен, докажан пријател на Република Македонија“, рече Стоилковски.

Посочи дека Силберстин, човекот чијашто заедничка фотографија од кабинетот на Заев во Скопје заврши кај лажниот Порошенко, , е лице со дебело меѓународно досие.

„Против Силберстин се водат процеси во Израел, но и во Романија. Човекот има дебело досие за перење пари, попречување на правда, за нелегално организирање финансирање на политички изборни кампањи, потоа досие за поткуп, фалсификување на документи и за други дела. Неговото име се споменува дури и во Гвинеја, за каде се вели дека заедно со другите обвинети во случајот во Романија, го поткупил претседателот на државата за да се стекнат со рудник за дијаманти вреден милијарди долари!“, обвини портпаролот на главната опозициска партија.

Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата мора да одговори, што бара ваков човек на средба во премиерскиот кабинет?

„Зошто бил примен овој човек во Владата? На чие барање, дали на покана на премиерот или пак сам се поканил? Има ли записник од оваа средба? За што се разговарало? Го проверил ли некој досието на Силберстин пред да биде договорена таа средба и пред да влезе во Владата? Има ли воопшто безбедносен или било каков протокол во Владата или се сѐ сведува на поставување знаменца кому-како прво им доаѓа на рака? СДСМ и Заев мора да кажат од кога Заев соработува со Силберстин? Дали до сега ги користел неговите услуги и колку и од каде се платени? Против овој човек се водел процес дека примил 400.000 евра за водење пропаганда со лажни вести, па дали за тоа била средбата со Заев во Владата? Но и во кој период пред, за време или по локалните, референдумот или пак претседателските избори, имале договор и соработувале?, праша Стоилковски.

Посочи дека најстрашно е што јавноста за средбата со и за тоа дека Заев лично му го препорачал Силберстин, со фотографија на лажниот Порошенко преставувајќи го како „одлично момче“, што укажува на тоа дека македонскиот премиер многу добро се познава со вој во најмала рак аконтроверзен лик.