ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на судот во Стразбур потврди дека 27 април беше политички процес за гонење

-Одлуката на судот за човекови права во Стразбур потврди дека случајот 27 април беше политички процес, процес за гонење и тортура на политички неистомисленици е со цел да се случат Уставни измени во Собранието, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Одлуката од судот во Стразбур е само уште една потврда дека во Македонија судството и судиите се заробени од кликата на власт предводена од ДУИ и СДС.
Потврда за тоа како криминалците од ДУИ и СДС ги користат судиите и јавните обвинители за закани, уцени и притисоци врз ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа одлука е само уште еден доказ за суровоста и изживувањето на Добрила Кацарска, за која доби своја лична награда – уставен судија.
Додека невини луѓе лежат во затвор, криминалците од власта на ДУИ и СДС слободно хараат низ државата и секој ден стануваат се побогати, пљачкосувајќи го народот.
За сите вмешани во овој политички случај, за сите обвинители и судии по промената на власта, која ќе е случи многу скоро, ќе има одговорност.
Одговорност заради тортурите врз граѓаните кои се уште се во затворите и одговорност за малтретирањата и страдањата на семејствата на неоправдано осудените лица кои добија над 210 години затвор.
Правда во Македонија ќе има. Правда за сите неоправдано затворени, како и одговорност за секој кој се вмешал во криминал и предавства, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.