ВМРО-ДПМНЕ: Оливер Спасовски е брука и срам за полицијата, веднаш како морален чин да си поднесе оставка поради случајот Вања

ВМРО-ДПМНЕ не се вмешуваше и се воздржуваше од било какви изјави во случајот со исчезнатото девојче Вања со цел да се дозволи простор за неоптоварена истрага околу криминалниот случај на киднапирање. На огромна жал овој случај има трагичен крај. Изразуваме длабоко сочувство до семејството и до сите роднини и пријатели на починатата, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Но, она што мора да се нотира е еклатантната неспособност на министерот Спасовски кој се занимаваше со организирање самит наместо навремено да реагира. Тој е брука и срам за полицијата и не е во состојба да ги заштити граѓаните. Зошто молчи полицијата за случајот со исчезнатиот граѓанин на Велес? Како полицијата на Спасовски дозволи среде Скопје да хара криминална група и да киднапира и убива недолжни граѓани? Нема скандал кој не се случи во овој негов мандат. Се делеа пасоши на криминалци од балканското и европско подземје, се случуваа сомнителни набавки на софтвери и милионски тендери, скандали со прислушукување и нелегално следење на комуникации и злоупотреба на службите за следење, криминалци неказнети кои избркале полицајци од полициска станица во Арачиново, МВР на Спасовски даваше о половина милион евра на транспортната фирма што набавуваше 2 машини за перење од 25.500 во општина чиј градоначалник беше од неговата партија и редица други скандали, се наведува во партиската реакција.

„Спасовски оставка веднаш“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.