
Дури 1.8 милиони евра ќе завршат во џебот на Елмедин Адеми, внук на поранешниот министер на ДУИ, Абдулаќим Адеми, за преадаптирање на СЦ Борис Трајковски за Самитот на шефови на држави на земји членки на ОБСЕ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму додаваат дека постои сериозен сомнеж за криминал. Фирмата дава донација за ДУИ, а МНР и Османи им даваат тендер.
Јавното обинителство веднаш да отвори истрага дали тендерот кој го дава МНР во вредност од 1.8 милиони евра е даден како знак на благодарност за донацијата која ја дала Еуровиа ДООЕЛ на ДУИ? И дали парите од тендерот на МНР се всушност враќање на донацијата, а тоа значи дека ДУИ финансира од државни пари? Многу набрзо следува одговорност!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.