ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата се изживува со граѓаните

Македонија е земја на политички затвореници. Се монтираат обвиненија за тероризам против луѓе кои не направиле прекршок ниту знаат што е оружје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата, се притвораат луѓе кои дале и даваат свој придонес за општеството, само затоа што не се согласуваат со политиките на СДС.

-Хунтата  на власт ја има заробено целата држава. Правосудните органи како репрезент на 3-та власт не се повеќе независни во своите одлуки. Судовите не одлучуваат согласно закон, туку по диктат, затоа се и смешните и апсурдни обвиненијата за тероризам против 36-те македонски патриоти. Судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС. На удар е секој еден граѓанин на оваа држава, кој нема да се согласи со политиките на хунтата. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ крева глас против неправдата и незаконието, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени.

ВМРО-ДПМНЕ бара:

  1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
  2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
  3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.