ВМРО-ДПМНЕ: Откако дојдоа на власт СДСМ откако не се способни да изградат ни два километра автопат

Откако СДСМ дојде на власт не се способни ниту два километра автопат да изградат, се вели во партиската реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Автопатот Миладиновци – Штип беше фактички пред завршување уште во 2017-та година, а за истиот Владата сѐ уште нема извршено технички прием. Двата експресни пата Штип – Кочани и Штип – Радовиш беа отпочнати, обезбедени средства, завршени проектни документации, спроведени тендерски постапки и започнати градежни активности уште во 2016/2017, за сега СДСМ својата неспособност да ја затскрива со реализирани по половина секција од нив. Наместо нешто да изградат, од власта се промовираат со проекти наследени од претходната Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ“, истакнуваат од опозицијата.

СДСМ од кога е на власт единствено на граѓаните докажа дека не е способна да реализира капитални инфраструктурни проекти од интерес на државата, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.