ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарни избори ќе бидат вистинската анкета на волјата на граѓаните

84

ВМРО-ДПМНЕ преку писмено соопштение реагираше на најновото истражување на БРИМА што беше објавено денеска, а спроведено во текот на јуни. Според партијата, анкетата е направена со цел да се охрабри членството на СДСМ и да се создаде лажна перцепција.

– ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува анкетата и го охрабруваме СДС да продолжи со своите активности и што поскоро да закаже предвремени парламентарни избори каде ќе биде вистинската анкета на волјата на граѓаните, се вели во реакцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.