ВМРО ДПМНЕ: Патиштата, безбедноста и економската стабилност приоритети и во иднина

„СДСМ не може да се помири со фактот дека во Македонија парите на граѓаните се инвестираат во нови патишта, болници, училишта, канализациони и водоводни мрежи,“реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Според нив, СДСМ се повеќе се плаши од одговор на прашањето каде завршуваа парите кога тие беа на власт.

„За разлика од денес, во времето на СДСМ милијарди евра народни пари беа трошени, а граѓаните не можеа да видат ниту пак да се сетат на барем еден капитален проект. Граѓаните затоа се уште се сеќаваат на лажно ветениот пат од Велес до Прилеп преку Бабуна или на железничката пруга кон Бугарија за која беа потрошени 300 милиони тогашни марки, а од која останаа само нефункционални столбови да сведочат за инфраструктурните ветувања на СДСМ.Затоа денес, на СДСМ им останува да кажуваат лаги, бидејќи фактите говорат дека многу повеќе ние сме инвестирале во инфраструктурата во изминативе години, а они не инвестирале. Доказ за тоа се реконструираните и изградените 469 километри автопат и регионални патишта, 26,4 километри магистрални патишта и 586 километри локални патишта.“ реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Патиштата низ Македонија и во иднина ќе бидат едни од приоритетите со кои ќе се подобри патната инфрастуктура низ државата, а со тоа и безбедносната и економска стабилност.