ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија

Стево Пендаровски се однесува како некој аналитичар со отворени симпатии кон Зоран Заев, а не како претседател на државата со јасни ставови и позиции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жално е што Пендаровски наместо да претседателствува со државата и да ги предводи процесите одбра да прави анализи за воспевање на ликот и не делата на Зоран Заев.

Впрочем, Пендаровски не искажа ниту еден став за проблемите кои ги мачат граѓаните.

Пендаровски би можел да биде партиски аналитичар на СДСМ, но не и добар претседател на Македонија“ – велат од партијата.