ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски потписот на петте закони покажа дека е уценет човек

Стево Пендаровски покажа дека е уценет човек без грам сопствен кредибилитет и интегритет. Со потписот на 5-те закони покажа дека ставот и зборот не му вредат ни 5 пари и не му траат ни 5 дена, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„И тој храброста како и Ковачевски ја има оставено во некоја фиока во Мала Речица. Пред јавноста едно говореше поврзано со скандалозните измени на петте закони, а сосема друго направи. Поточно Пендаровски по којзнае кој пат го демантираше Стево. Ова воопшто не не изненадува и зачудува, а веруваме дека и јавноста се навикна на неговото пишманење и погазување на својот збор, велат од партијата.

„Веќе на сите им станува јасно дека подизведувачот СДС, на чело со Ковачевски и Пендаровски се спремни за функција да направат се, па и јавно да се понижат. Ден повеќе на функција е нивното мото, со цел некој тендер повеќе да наместат.

Со измените на 5-те закони тие нема ниту да заштедат, ниту да ја забрзаат реализацијата на коридорите, туку само го дерогираат македонското право и македонскиот Устав.

За ваквата неодговорна и криминогена политика следува казна на избори, а потоа и одговорност“ – се наведува во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.