ВМРО-ДПМНЕ: По поткупот од 300.000 евра јасно е дека за Заев приоритет е само личното богатење

Последните материјали покажуваат дека секоја работа во Владата била дебело плаќана. Српски тајкун платил најмалку 300.000 евра поткуп за да му се заврши некој бизнис со Владата на Заев. Да потсетиме дека Зоран Заев беше снимен како бара евро за црквата и евро за Вицето во сличен случај пред неколку години, а за кое од Луј Витон судството беше ослободен, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

 „Колку од овие пари на српскиот тајкун завршиле кај браќата Вице и Зоран Заев? Има сведоштва дека сите изрекетирани пари завршувале токму кај нив. Сега граѓаните гледаат дека оваа власт на Заев единствено била организирана само кога се работи за криминалот, а сѐ друго во државата го има оставено да тоне и да пропаѓа. Власта на СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето на р’бетот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.