ВМРО-ДПМНЕ подаде рака на СДСМ за да се постават црвени линии на преговарање, но Заев одби

Ние мора да имаме во предвид кој во Македонија во моментов се на браникот на македонштината. Тоа е Зоран Заев човек кој што говореше исто така и за договорот со Преспа дека нема да има никакво менување на Устав, дека поготово е за интерна употреба во македонски услови нема да биде сменет. Само да ве потсетам дека во тој договор од Преспа е меѓудругото и тоа што го бараат и Бугарите, а тоа е ние да се самооткажеме, како што се самооткажавме дека во Егегјскиот дел Македонија, Македонци и македонски народ до 44-та година до граѓанската војна не постоеле. Ние таму не се откажавме само од македонската античка историја, ние од целокупната тамошна историја која што како Македонци сме ја имале се откажавме. И тоа сега и Бугарите го бараат, посочи Александар Пандов, прв човек на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, во„Само вистина“

Пандов додаде дека Бугарите бараат тоа што на Грците им се даде, Бугарите по основ на Преспанскиот договор ние не сме постоеле до 1944 година, не сме имале народ.

„Единствено што може ВМРО-ДПМНЕ да направи е на своите западни партнери, земји кои што се полноправни членки на ЕУ да им објасни дека ова е фашизам они што го бараат. Луѓето од ВМРО-ДПМНЕ кои што се задолжени за меѓународна политика тоа го прават. Ненормално е нешто, во 21 век да се бара самоукинување на еден народ“, нагласи Пандов.

Пандов посочи дека идејата на ВМРО-ДПМНЕ беше подадена рака на СДСМ да Македонија како држава постави црвена линија до кај може да се преговара за национални интереси.