ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе над 400 амандмани за Изборниот законик, односно за новиот модел на избор на ДИК, кој попладнево беше на дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања.

Според Деловникот, Комисијата има два дена за да ги разгледа амандманите и да гласа за измените на Изборниот законик што ги предложи Владата.