ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на цената на кесите нова глоба за граѓаните, парцијалните мерки нема да ја решат состојбата со загадувањето

Покачувањето на цената на кесите нова глоба на товар на граѓаните, владата да ја преиспита мерката, најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Парцијални мерки нема да го решат проблемот со загадување. Додека владата го спасува народот од најлонските кеси, големите капацитети и понатаму го трујат народот. Народот не смее да биде тој кој ќе плаќа се. Во ек на енергетска криза, инфлација и ценовен шок, покачување на цените на кесите е само уште еден удар врз народот. Мерката за покачување на цените на кесите нема да го намали загадувањето, бидејќи најголем загадувач е индустријата која ги крши законите, а не народот. И наместо реални мерки за борба против загадувањето и подобрување на животната средина власта одбира мерки кои нема ништо да променат, но ќе влијаат негативно врз џебот на народот, затоа бараме владата да ја преиспита мерката. Не им треба уште едно покачување на граѓаните, истакнуваат од опозициската партија.

Потребни се системски, а не парцијални мерки против загадувањето“, додаваат од таму.