ВМРО-ДПМНЕ: Полициски час без јасна стратегија, протоколи, вакцини и заштита на граѓаните нема да даде никаков ефект

Македонија е во тотален хаос. Нема ни стратегија, ни цел, ни протоколи, ни вакцини. Новиот бран од епидемијата од ковид 19 неконтролирано се шири, а неспособната власт на Заев нема ниту план да го спречи, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека власта нема набавено вакцини и затоа Македонија е на 118 место по број на вакцинирани во светот според Блумберг.

-Истовремено сме на 7-мо место по смртност и во такви услови власта на заев организира попис кој уште повеќе ќе ја влоши епидемиолошката слика. Тоа само ја покажува целата неспособност и неодговорност на власта. Во отсуство на јасни протоколи и заштита на граѓаните, власта посега кон воведување на полициски час како единствена мерка. Тоа само дополнително ќе ги зголеми метежите во јавниот превоз, шалтерите и институциите, а ефектите ќе бидат безначајни. Вака како што наумил Заев, а Филипче и Комисијата како што спроведуваат, само ќе се влошува состојбата. Економијата во државата, здравјето и животите на граѓаните и понатаму ќе останат жртвите на хаосот кој го создава власта на Заев со нивните стихијни и недоволно планирани мерки, стои во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.