ВМРО-ДПМНЕ: Политиката на Заев за свиткана кичма доведе до целосна негација на државата, нацијата и народот

Шокирани сме од однесувањето на источниот сосед, чиј негаторски однос е потценувачки за нас како држава, нација и народ и секако не е пример за европска вредност. Но треба да бидеме свесни дека таквото однесување е последица на гмечењето и толчењето на неспособниот мафијаш Зоран Заев кон сопствената држава и народ, кој за власт, пари и тендери е подготвен за трговија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и осудува секаква негаторска политика кон Македонија и македонскиот народ. ВМРО-ДПМНЕ смета дека политиката на свиткана кичма на Зоран Заев, без суштинска работа и резултати ги зголемува апетитите на оние имаат поинакви интереси од државните и националните на нашата држава“, велат од партијата.

„Зоран Заев треба да понесе одговорност сто повторно ги доведува европските интеграции на земјава во ќорсокак овој пат во услови на тешка социјална, здравствена и економска криза. Заев не е иднината на оваа земја туку тегот и изворот на сите проблеми“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.