ВМРО-ДПМНЕ: Попустливоста на Ковачевски кон Бугарија е последица на ранливоста поради енормниот криминал

Премиерот Димитар Ковачевски да каже како е можно на сз што испопотпишаа да создадат студена дипломатска војна со Бугарија, попусливоста е последица на ранливоста поради енормниот криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ескалирањето на односите со Бугарија е последица на попустливоста и веднењето кичма на СДС. Владата исполни се што беше побарано од неа, дури и невозможни и нерационални работи, па така како природен след доаѓа ставот на Бугарија дека и понатаму се друго што ќе побараат ќе биде исполнето од овие политичари, резултатот е повлечен амбасадор и односи како во студена војна.

Власта потпиша се што беше побарано, само за зачувување на личните фотелји, стои во партиското соопштение и се додава:

„Ковачевски и Пендаровски заглавија до толку што за нивната неспособност и некадарност за нормализирање на односите обвинија дека зад сите работи стојат странски служби, без да кажат кои се, и што им е интересот. Пендаровски иако платен од народот за да го штити, и службите под него исто така, не кажа кој тоа ја дестабилизира Македонија. Само сее ветар и магла.

Исти како Пендаровски се и Ковачевски и Османи, кои првин се заканија дека ќе прогласат одредени политичари за персона нон грата, а потоа ретерираа и кажаа дека ќе почекаат до 4ти февруари. Што ќе чекаат? Дали чекаат инциденти или политиката ја претвораат во естрада и поле за циркузанти?

Ковачевски, Османи и Пендаровски со нивното килаво однесување, кое е резултат на нивната корумпираност и криминал, а со цел да останат ден повеќе на власт ја понижуваат Македонија“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.