ВМРО-ДПМНЕ: Поради заевизмот, Македонија е на врвот по смртност во пандемијата, а граѓаните платија над 30 милиони евра за приватни тестови

Лошите политики и мерки на заевизмот во време на пандемијата со коронавирусот,  доведоа Македонија да биде меѓу шесте земји во светот со најголема смртност, зашто задоцнетите и лоши мерки направија над 8.100 граѓани да го изгубат својот живот, што е рамно на една средно голема општина, реагираат во средата од ВМРО-ДПМНЕ.

„Неодговорноста и несериозноста на власта на заевизмот, направи Македонија во Европа да е црна КОВИД точка и затоа земјата е рангирана како земја со висок ризик од КОВИД-19.

Наместо здравството на Филипче, Заев и Ковачевски да спречува ширење на брановите на КОВИД вирусот, тие се водеа од политика или пак воведуваа нелогични мерки. Лошото менаџирање, отсуството на стратегија и план за справување со КОВИД пандемијата граѓаните скапо го платија“, се наведува во партиската реакција.

Додавава дека, за жал, „Заев и Филипче, а и пиунот Ковачевски во текот на целиот период не направија ништо ваквите лоши практики да се променат и да се подобрат, напротив граѓаните сега речиси и да немаат можност во јавното здравство да направат PCR тест“.

Предурпедуваат дека само 20 до 25 отсто од тестовите се направени во јавното здравство, а останатите 75-80 проценти се прават во приватни здравствени установи и тие чинат илјадници денари по тест.

„Поразителна е информацијата дека граѓаните во Македонија досега платиле околу 30 милиони евра за тестирање во приватни лаборатории затоа што во државните нема термин.

За ова катастрофално менаџирање со КОВИД кризата, никој не понесе одговорност. Напротив неспособниот Филипче беше заштитуван, се до моментот кога не беше заменет поради партиско политички пазар. Сепак последиците од лошото менаџирање на заевизмот остануваат, а за жал гледаме дека немаат абер ниту да се променат погрешните политики кои граѓаните скапо ги чинат“, се заклучува во соопштенеито.