ВМРО-ДПМНЕ: Поседуваме снимка на која Шилегов и Начевски договараат купување луксузни џипови

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ објави дека поседува аудио доказ според кој градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и директорот на депонијата „Дрисла“ Коста Начевски планираат купување на три нови џипа.

„Коста Начевски директор на Дрисла, поставен од Петре Шилегов брутално вчера ја излажа јавноста дека не планира купување на луксузен џип за своите потреби како директор. Еве и доказ и признание за тоа. На он-лајн седницата на Советот на град Скопје претставникот испратен од Начевски и од „Дрисла“, Дијана Велјаноска Живановиќ, изјави: ‘да се купуваат три џипа, од кој еден е за потребите на директорот’ затворен цитат. Таа додава дека багери нема да се купат, но пари за џипови има“, се наведува во реакцијата од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие побраа Шилегов и Начевски да ѝ се извинат на јавноста и да ја стопираат одлуката за купување на џипови.

„Тоа не е потреба на која треба да се мисли во состојба кога државата е во економска криза“, порачува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.