ВМРО-ДПМНЕ повикува на собир против зголемената цена на струјате утре пред Регулаторната комисија за енергетика

32

Поради неспособноста на владата предводена од СДСМ и Заев граѓаните од ден на ден живеат се посиромашно. Поради неспобноста на оваа влада да се справи со пандемијата од месец март до денес над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и се оставени без никакви примања, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Во државата  околу 100.000 граѓани  живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари, а власта предводена од Заев нема слух за ова. Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра, и без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%. Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани утре 31.10.2020 пред Регулаторна Комисија за енергетика  во 12:30 на собир на кој ќе се изрази револтот и порака за крај на сите овие погубни политики на СДСМ, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.