ВМРО-ДПМНЕ: Правосудниот систем не работи по законот, туку по партиски диктат и нарачки на Заев

Граѓаните знаат кој е вистински херој и патриот, а кој е кукавица и кој ги продава државните интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштението до петокот и  потсетуваат дека публиката синоќа во салонот на Македонската опера и балет (МОБ) громоглалсно го скандираше името на оперскиот пејач Игор Дурловски, осомничен за тероризам за настаните од 27-ми април, а  не името „на џелатот Зоран Заев и извршителите во неговата хунта“. .

„Како што минува времето со сѐ поголема гордост ќе се изговараат имињата и на Владо Јовановски и на Борис Дамовски и на Богдан Илиевски и на Митко Чавков и на шесте пратеници и на сите останати неосновано и неправедно обвинети и притворени од оваа антидржавна власт. Нивните имиња ќе бидат запишани со златни букви во македонската историја, а џелатите ќе завршат на црните страници, како и многумина претходно и идните генерации ќе се срамат од нив. Идните генерации ќе ги запаметат и ќе се срамат и од џелатите обвинители и судии кои без поговор му служат на Заев“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека „хунтата“ на владејачката СДСМ го контролира целиот правосуден систем во државата, како и дека одлуката на Апелациониот суд за потврдување на притворите на осомничените патриоти во констриураниот случај со измислено обвинение за тероризам е доказ дека судовите работат под притисок.

„Правосудниот систем не работи по закон, туку по партиски диктат. Аргументите не се клучни во постапките, туку е клучна само политичката нарачка на Зоран Заев. Неправдата и политизираноста ја гледа секој еден граѓанин на Република Македонија. Додека хунатата ги ослободува од затвор осудените убијци од Смилковско езеро и заговара мегународна истрага за терористите од Диво Насеље, во затвор става луѓе патриоти, кои немаат извршено никакво кривично дело, обвинувајќи ги за тероризам. Хунтата го погази и Уставот и законите. Овде повеќе не важат процедури, единствено важи правилото на политичко додворување. Затоа ОЈО молчи и не постапува по допрен глас за изборните криминали на Заев или за јавните обвнувања од директорот на Јадран филм дека в.д. Директорот на Агенција за филм му побарал рекет од 100 000 евра, а поткренува истрага за изјава во медиум во Србија“, се наведува во соопштението.

Од партијата додаваат дека судовите го погазија основниот принцип, да одлучуваат само врз основа на закон и Устав и никако поинаку. Судиите и обвинителите подлегнаа на притисокот на власта, иако функцијата од нив бара да бидат отпорни на притисокот од кого и да доаѓа.

„Државата е заробена од оваа хунта. Граѓаните се тие кои се стегнати и во обрач на хунтата која ги користи институциите на власта да ги држи во страв. Сега се гонат 36 искрени патриоти, утре ќе се гони секој еден кој ќе се спротистави на некој претставник на хунатата. Секој е на мета на оваа недемократска власт. Граѓаните не се должни да го трпат овој терор и насилие. ВМРО-ДПМНЕ застанува со граѓаните во одбрана на Уставниот поредок, правото и правната држава. Остануваме на улиците се до конечното враќање на демократијата и владеењето на правото. Република Македонија ќе биде држава со еднакви услови за сите, нагласуваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.