ВМРО-ДПМНЕ предлага подетален процес од ветингот, кој се однесува на потеклото на имот

Не можете да пристапите кон ветинг, а да немате институционални рамки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага подетален процес, а тоа е процесот кој се однесува на потеклото на имот, ја коментиреше последната изјавата на претседателот Стево Пендаровски во Собранието околу ветингот, адвокатот Тони Менкиноски во вечерашната емисија „Топ тема” на Телма телевизија.

Не можете да осудите една цела фела, значи треба да се види за кои судии и обвинители станува збор, односно треба да се воспостави систем на потекло на имот. Ветингот е површна работа, посочи Менкиноски.

Појасни претходно дека пред некој да започне некоја одредена позиција, треба да биде испитан и да се стави неговиот имот на проверка и неговиот кредибилитет.

(Пораншниот генерален секретар на ОН), Кофи Анан во една прилика има кажано што значи ветингот и каде може да се примени. Тој за ветингот зборува како процес во постконфликтни земји во коишто се употребува, и кон ветингот имаат пристапено држави како што се Конго, Азербеџан, Авганистан, Србија, БиХ и Албанија. Значи можете да заклучите за каква демократија станува збор. Европската комисија и многу тела на ЕУ гледаат со резерва на оваа појава“, рече Менкиноски.