ВМРО-ДПМНЕ предлага продолжување на зимскиот распуст за две седмици

Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ преку фејсбук статус во понеделникот бара продолжување на зимскиот распуст за две седмици поради актуелната епидемиолошка ситуација во земјата.

„Почитувани ученици, наставници и родители,

Бидејќи од синоќа Македонија веќе има Влада, а денес е работен ден, ние продолжуваме со постојан мониторинг, критики и предлози како и досега.

Во првиот работен ден очекувано е Владата покрај другото да помисли и на образованието.
Бројките на заболени од коронавирусот не опаѓаат, а меѓу заболените се наоѓаат и многу деца, односно ученици.

Со цел заштита на здравствениот систем од преоптоварување и непречено, континуирано одвивање на образовниот процес со максимално присуство и на ученици и на наставници во училиштата на новата Влада ѝ ПРЕДЛАГАМЕ:

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ЗИМСКИОТ РАСПУСТ ЗА 2 (ДВЕ) НЕДЕЛИ!

Дотогаш очекуваме бројката на заболени да се намалува, а учениците и родителите психички неоптоварени да се посветат на знаењето“, стои во нивниот пост.