ВМРО – ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ

Според најновата анкета на реномираниот и угледен Американски републикански институт (ИРИ) со седиште во Вашингтон ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.

Вкупно 24 проценти од граѓаните се определиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а за СДСМ двојно помалку, односно само 12 проценти.

Денес е јасна причината зошто СДСМ ја криеше бројката за рејтингот на Заев. Односно тој има рејтинг од само 5%, наспроти 18% на премиерот Груевски. Вкупно 35 % од граѓаните сметаат дека Никола Груевски заслужува реизбор.

Скоро тројно повеќе од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ работи понапорно да ја добие поддршката од избирачите. 27% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ е поактивна и работи понапорно, наспроти само 10% кои сметаат дека тоа е СДСМ.

Анкетата на Интернационалниот Републикански Институт е теренска и е направена во периодот од 29.09 до 05.10.2015та година на репрезентативен примерок од 1 106 испитаници.