ВМРО-ДПМНЕ предупредува за уфрлување на поединци инструирани од власта за да го дискредитираат протестот

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат сознанија за уфрлање на поединци инструирани од власта, кои наводно ќе имаат задача да го дискредитираат протестот.

Предочуваме за сознанија за уфрлање на поединци кои се инструирани од власта, кои ќе имаат за цел да го дискредитираат протестот со елементи на говор на омраза и изразување на ставови кои не се дел на партијата, за да подоцна се дискредитира ВМРО-ДПМНЕ.

-Однапред се оградуваме од таквите инструирани сценарија кои само им одат во прилог на структурите на власта кои ја држат државата заробена и не посакуваат напредок. Токму затоа на однапред видно одбележано место пред Министерството за правда ќе се делат пораки и транспаренти кои ќе бидат дел од протестот чија јасна цел ја кажуваме денес. Ве повикуваме сите во 18:30 часот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.