3.8 C
Skopje
сабота, ноември 30, 2024

ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Водовод и Општината предизвикуваат еколошка катастрофа

Злото наречено СДСМ кое во изминатите две години ги труе граѓаните со непотизам, криминал, распродавање на националните интереси и штетни политики во сите свери на општественото живеење, сега ја труе и животната средина – истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата во продолжение ја пренесуваме во целост:

“Главниот проект во предизборието на градоначалникот Јованоски беше чист воздух за сите и чиста и здрава животна средина.

За чистиот воздух видовме во зимата, кога мерната станица за малку ќе експлодираше поради енормната загаденост и отровот кој го дишеа граѓаните.

Дали сега сме сведоци за тоа како се загадува животната средина и тоа преку Прочистителната станица – проект кој треба да овозможува еколошки здрава и чиста средина?

Дали талогот и тињата кои како остаток од прочистувањето на отпадните води излегуваат од станицата, се закопуваат во земјоделско земјиште?

Загрижени граѓани реагираа до нас и ни ги испратија овие фотографии

Дали Јованоски и надлежните се свесни какви последици врз околните земјоделските површини и култури може да предизвикаат ваквите дејствија?

За ова ли граѓаните секој месец плаќаат за 60% повисоки сметки за вода и го празнат нивниот семеен буџет?

Ќе сноси ли одговорност некој доколку со ваквото неразумно однесување се предизвика поширока еколошка катастрофа?
Тука ќе го потсетиме градоначалникот и на низата лажни ветувања кои тој ги даде пред граѓаните за чист еколошки Прилеп.

Во својата предизборна програма Јованоски ветуваше: набавка на нови возила за собирање на смет и метење на улиците, расчистување на сите диви депонии, покривање на коритото од Дабничка Река, изградба на фабрика за рециклирање на отпад во депнијата Алинци, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје, пошумување на ридовите и планините околу градот…. како и низа други нереализирани проекти.

Сега, после две години откако ги излагаа граѓаните е повеќе од јасно дека, ветувањата на овие луѓе за чиста животна средина и чист воздух, се ништо друго освен една голема лага”.