ВМРО-ДПМНЕ: Продолжуваат сомнителните тендери и јавни набавки на општините во време на пандемија

Не поминува ден да не сме потсетени на криминалното владеење на СДСМ на локално ниво.

Изминатиов период покрај секојдневните огласи за нови партиски вработувања, јавноста е сведок на голем број сомнителни и криминални јавни набавки кои се реализираат од страна на државата, општините и јавните претпријатија. Така, изминативе неколку месеци македонската јавност дозна за тендерот на Шилегов за чистење на снегот кога немаше снег вреден 1 милион евра, милионската сума дадена на сопругот на министерката Мила Царовска, како и веќе легендарниот тендер каде Рашковски купи неискористен софтвер самиот од себе, стои во Фејсбук статусот на Комисија за локална самоуправа.

„Сепак, верувале или не, последниов пример со градоначалникот на Аеродром, Златко Марин, ги надминува сите досегашни примери за апсурдност и корупција. Така, во време на пандемија, кога учениците не посетуваат настава, Марин врши набавка за униформи во вредност од фантастични 12 милиони денари. Да, 12 милиони денари за набавка на ученички униформи во време кога повеќе од 1 година немаме физичка настава.

Ова, за жал, е само еден од многуте примери за криминалното владеење на СДСМ, каде наместо да се грижат за интересите на граѓаните и нивното здравје, тие преку криминални јавни набавки си ги полнат сопствените џебови“, пишува во објавата.