ВМРО ДПМНЕ:продолжува агонијата на производителите на праска од Росоман

„Трета година по ред откако СДСМ е на власт производителите на праска од Росоман немаат откуп за својот род. Производството наместо на откуп завршува на буниште.
Иако ВМРО-ДПМНЕ и укажуваше на власта уште минатата година дека се усложнува извозот на праската посебно за рускиот пазар, власта и ресорното министерство не пристапија кон изготвување на план и стратегија за негово решавање, напротив носат ад – хок мерки кој дополнително временски го пролонгира откупот и пласманот на праската“, се вели во денешното соопштение.

Власта бара од земјоделците пред да го извезат својот род на сопствен трошок да направат анализа која трае од 5 – 7 дена, а потоа да можат да извезат својот род. Имено владата предвидела дека земјоделците откако ќе ги наберат праските и ќе ги спремат за утовар треба од истите да земат неколку мостри и да ги однесат во надлежната лабораторија.

Дополнителниот услов е директен удар врз земјоделците, како малите, средните, така и поголемите, кои немаат ладилник каде што ќе можат во рок од 5 – 7 дена да ги складираат праските додека траат соодветните анализи.
Власта со оваа нова регулатива дополнително го отежнува извозот и го осакатува македонскиот земјоделец. Земјоделството го прави неисплатливо и се повеќе земјоделци ги корнат или сечат нивните децениски насади и го напуштаат земјоделството како основно занимање.