ВМРО-ДПМНЕ: Продуктивноста падна за 2,2 отсто

22

„Минус 2,2 отсто е падот на продуктивноста во Македонија. Владата се фали со минимален раст на БДП и намалување на невработеноста (зголемување на бројот на вработени), ама во исто време продуктивноста во Македонија драстично се намалува. Логичното прашање е: Што работат тие нововработени лица, штом просечната продуктивност по вработен се намалува?, напишаа на Фејсбук од Комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ.
„Како и да ја пресметаме продуктивноста по вработен, дали бројот на вработени заклучно со Јуни 2019 во однос на БДП за втор квартал по тековни цени, или пак по постојани цени, сепак резултатот е дека продуктивноста се намалува.
Владата во исто време ги зголеми своите трошоци за плати и надоместоци и со тоа призна дека врши нови вработувања во државната администрација, за кои реално нема потреба, туку само ги задоволува партиските интереси на власта. Ваквите непродуктивни вработувања ја намалуваат просечната продуктивност по работник во Македонија и сериозно ги оштетуваат политиките за развој на приватниот сектор и инфраструктурата во нашата држава, пишуваат од Комисијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.