ВМРО-ДПМНЕ: Пропустите во истрагата за убиството на Панче, чинеа живот

Пропустите во истрагата за убиството на Панче, чинеа живот. Останува отворено прашањето зошто возилото на Панче се движеше слободно по скопските улици и доведе до ново убиство, овој пат на Вања, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Спасовски обвинува, и е во паника затоа што нема или се плаши да го каже одговорот на прашањата дали возилото на убиениот Панче со кое е киднапирана Вања било на скопските улици 3 дена пред да биде киднапирано девојчето? И зошто не е распишана централна објава за возилото, за истото веднаш преку Системот Сејф Сити да се детектира и пронајде, а со тоа и да се пронајдат убијците на Панче? Прашаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку Спасовски одговори на овие две прашања, и нему ќе му стане јасно каде е пропустот, но очигледно тоа го плаши.Возилото и Панче се пријавени за исчезнати и за тоа пишуваа и медиумите веднаш. Зошто МВР на Спасовски не постапуваат е нејасно, додаваат од опозициската партија

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.