ВМРО-ДПМНЕ: Рокот на траење на ова тенко владејачко мнозинство забрзано истекува

72

Рокот на траење на ова тенко владејачко мнозинство, забрзано истекува. Единствен виновник за таквата состојба е токму СДСМ и Зоран Заев, реагираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Не се виновни ниту граѓаните, ниту ВМРО-ДПМНЕ и пратениците, ниту опозицијата во целост како што СДСМ очајнички се обидува да го претстави во јавноста.

Очигледно тенкото мнозинство во Собранието се’ уште е на стаклени нозе, а функционален  Парламент во овој момент е невозможна мисија.

Веќе еден месец владејачкото мнозинство се обидува да обезбеди кворум за работа на Собранието, но залудно и неуспешно. Очигледно проблемите и недоразбирањата во владејачката коалиција се повеќе од сериозни.

Токму неколкуте неуспешни обиди да се обезбедат пратеници од владејачкото мнозинство е показател дека вината лежи во власта, а не во опозицијата. Тоа јасно покажува дека часовникот на оваа влада сериозно отчукува и дека треба и мора час поскоро да има предвремени парламентарни избори со кои ќе се обезбеди ново, вистинско и стабилно мнозинство.

Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ им порачуваме на колегите од власта да се позанимаваат со сопствените внатрепартиски и коалициски проблеми, а енергијата која што ја трошат за напади кон ВМРО-ДПМНЕ да ја искористат за нешто попаметно и продуктивно за граѓаните на Република Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.