За да видиме кога ќе се одржат избори сакам да ги слушнам здравствените власти и по тоа да се водам, а исто така и претседателот на Државната изборна комисија колку време се потребни за подготовки на предвремените парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на телевизија Телма, и додаде дека за неговата партија ВМРО-ДПМНЕ приоритет е здравјето на граѓаните
Мицкоски истакна дека според правните норми по завршување на вонредната состојба потребни се 60-ина дена за да се организиараат изборите.
„Сакаме избори ова лето. Сакаме избори кои нема да го загрозат животот на граѓаните. Сакаме да бидат избори кои ќе донесат нова власт која ќе знае да се справи со последиците од корона вирусот. Гледате ВМРО-ДПМНЕ води на анкетите, но мене ми е поважно здарвјето на граѓаните, а не да се бројат жртви од корона вирусот, рече Мицкоски.
Посочи дека се надева дека за датумот на изборите ќе се постигне консензус со останатите политички партии.
Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имаше вклучување во вестите на телевизија Телма каде што посочи дека , а потоа фер и демократски избори.
„Ги слушнав барањата на СДСМ, јас нема да дадам одговор во форма на тоа дали кафулињата и рестораните работеле и дека тој е критериум по кој што ние треба да го определуваме датумот. Мислам дека треба да бидеме над ситуацијата, да бидеме сериозни и да видиме дали навистина сме способни како држава да организираме фер и демократски избори. Кои што практично ќе им овозможат на сите учесници вистински да се претстават пред граѓаните, а притоа здравјето на граѓаните да не биде загрозено. А, притоа да не го броиме бројот на лицата кои што се инфицирани, да не ги броиме бројот на лицата кои што за жал ќе ги загубат своите животи, туку едноставно да може да се фокусираме на она кое што ние пред граѓаните ќе можеме да го презентираме“, појасни Мицкоски.
Мицкоски додаде дека принципот на ВМРО-ДПМНЕ со кој ќе настапи на лидерската средба е прв и основен приоритет е здравјето на граѓаните, а дури потоа може да се дискутира за било какви датуми кои што ќе овозможат фер и демократски презентирање на политичката платформа.