ВМРО-ДПМНЕ: Само со оставки на Заев, Филипче и Хасани ќе се дознае вистината за трагедијата во Тетово

18

Премиерот Зоран Заев, министерот за здравство Венко Филипче и неговиот заменик Илир Хасани морад да поднесат оставки, зашто само така ќе има непристрасна истрага која ќе даде одговор на сите прашања, на кои тие не сакаат да го слушнат одговорот, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивното соопштение: 

Заев, Филипче и Хасани знаат, но постои опасност дека нема да сакаат да се дознае:

– Како се градени модуларните болници, од каков материјал и на кој начин?

-Дали министерството за здравство побарало од изведувачот минимум стандарди за градба на модуларните бараки?

-Колку е платено за нивната изградба и дали тоа соодветствува со добиениот производ?

-Зошто немало противпожарни апарати и систем за противпожарна заштита?

-Зошто немало доволно медицински персонал, и каква е таа здравствена заштита во која лекари се роднините на болните?

-Зошто било плаќано мито за грижа на пациентите?

-Кој од власта се заканува врз роднините на жртвите од несреќата и ги опоменува што да сведочат?

-Ако одделот за организиран криминал на обвинителството не води постапка, тогаш кој тоа го прави во обвинителството?

-Дали ОЈО ја слушна изјавата на премиерот кој призна дека е длабоко инволвиран во истрагата која мора да биде непристрасна и објективна?

-Што треба дополнително да се случи за да Зоран Заев и Филипче си поднесат оставки и ја ослободат истрагат

Време е за одговори и одговорност. Време е за оставки од Заев, Филипче и Хасани, а потоа за независна и непристрасна истрага од која ќе се утврди вина.

Со Заев, Филипче и Хасани на позиција постои опасност одговор на поставените прашања воопшто и да не добиеме.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.