ВМРО-ДПМНЕ: СДС нуди половични решенија, кои не значат справување со енергетската криза

СДС нуди половични решенија и тоа не е доволно. СДС мора да ги прифати барањата на општините за ставање на регулиран пазар не само на училиштата, туку и на јавните претпријатија. Со популистички мерки кои ги носи владата нема да се реши хаосот кој се случува со енергетската криза, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Неспособноста на владата на СДС и ДУИ ја втурна државата во енергетска и финансиска криза, а граѓаните се, се посиромашни. Во енергетиката се наталожија толку многу проблеми кои што од власта не се способни да ги решат. СДС може само да креира проблеми, но не и да понуди нивно решение.

Наместо СДС да нуди мерки од кои никој нема реална придобивка, да се охрабри, да се надмине себеси и да го прифати планот за справување со енергетската криза кој го понуди претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Со овој план, ќе се обезбеди двојно поевтина струја за стопанствата и граѓаните, а ќе се зачуваат и многу работни места.

Со СДС на власт се уништува енергетиката во Македонија во секој сегмент. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.