ВМРО-ДПМНЕ: СДС потпишува договори што немаат поддршка меѓу народот

Неспособната влада на СДС е главниот фактор на поделби помеѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС  и покрај обидите за замајување на јавноста со ништо не може да го прикрие фактот дека потпишува договори кои немаат поддршка помеѓу народот и стручната фела и кои не одат во прилог на интересите на граѓаните на Репулика Македонија. Наместо предизборните ветувања за дебата и транспартентност СДС си го покажа вистинското лице и не дозволи јавна расправа за договорот во Собранието на Република Македонија, и не се осврна на конструктивните, аргументирани и добронамерни забелешки и предлози на ВМРО-ДПМНЕ за подобрување на текстот на договорот, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Единствени, се додава во реакцијата, кои создаваат поделби и раздор во општественото ткиво се СДС со нивната пракса на игнорантско однесување кон граѓаните кои не се согласуваат со нивните политики, и со навреди, омаловажувања и потценувања на народот, и затоа ќе им следи политичка одговорност и тоа многу брзо.

-ЦК на ВМРО-ДПМНЕ со донесената одлука ги повика своите членови и поддржувачи да се воздржат од присуство на настаните кои ќе бидат организирани од Владата на СДС со цел избегнување реакција на однапред подготвено сценарио, какво СДС во минатото многупати се докажало дека може да предизвика.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.