ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја донесе државата до питачки стап

СДСМ ја донесе државата до питачки стап. Лошиот менаџмент со државната каса ќе резултира со буџетска дупка од 1 милијарда евра само оваа година, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

“Заев и Нина Ангеловска пет пати го менуваат ставот за кондицијата на македонската економија. За на крај да признаат дека се соочуваме со катастрофа“, велат од партијата.

Додаваат дека СДСМ не се водела од интересот на народот, туку од теснопартиските пресметки, а дека економијата е целосно притисната и без изгледи за раст.

„Партијата која ветуваше 5-7% раст на БДП годишно, сега и приредува дебакл на економијата, која е на шкрги веќе подолг период“, потенцираат од ВМРО-ДПНЕ

Велат дека Македонија не може понатаму со СДСМ и дека партијата и Заев мора да си заминат, наведуваат во партиското соопштение.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.