ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го соголи народот, 60.000 останаа без работа, 5.600 фирми се затворија, една година државата е во рецесија

СДСМ и во најтешките моменти за македонската држава се обидува да ги засмејува граѓаните. Според Центарот за дезинформации и лажни вести на СДСМ Македонија доживува економски раст, платите само што не станале 500 евра, невработеноста паѓа, а фирмите ги бележат своите златни години. Во реалноста животот е многу тежок, и не се опишува со ниту еден збор на хартија. СДСМ го соголи народот. 60.000 луѓе останаа без работа, 5.600 фирми ставија клуч на врата, а економијата една година е во рецесија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по повод прес конференцијата на Богданка Кузеска.

Од партијата велат дека додека сите земји во регионот бележат раст, Македонија со Заев една година е во минус.

„Народот едвај врзува крај со крај, а ценовниот шок е огромен. Само за една година цените на продуктите во малопродажба е зголемена и до 40%. Поскапи се млекото, месото, зејтинот, брашното, сите основни продукти се покачени, а згора на тоа во изминатиов период вклучувајќи го и последното покачување кое се планира Заев лично ги поскапе горивата за 14 денари, тоа е трајно покачување, кое не зависи од светските берзи. Економијата е во период на мачен и тежок период. Време е оваа несигурност да запре. Време е за Македонија за сите луѓе“, посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.