Секој ден од Центарот за Комуникации на СДСМ се пушта едно исто соопштение. Стерилно соопштение каде што се повторуваат истите тези, невистини и лаги, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Центарот за комуникации на СДСМ го заштитува Заев од криминалот, од едноставна причина затоа што тој го произведува. Го заштитува со исти фалични тези за референдумот, манипулира, го повикува ВМРО-ДПМНЕ итн. Така срамот од капитуланскиот договор не се покрива. Не се покрива ниту скандалот за тендери и партиски вработување на над 6.000 лица во администрацијата. Зоран Заев и СДСМ да не го користат референдумот како параван за колективниот грабеж кој и го прават на Македонија. Јавноста го виде многу добро владеењето на Заев и СДСМ, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата порачуваат дека на крајот Република Македонија и граѓаните ќе победат.