ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата, без измени во текстот, ако се искрени кон Македонија

СДСМ и ДУИ да ја поддржат Резолуцијата, нема потреба од измени во текстот, ако се искрени кон Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Текстот на Резолуцијата е сублимат на ставовите на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА. Резолуцијата ги истакнува црвените линии и ги штити јазикот, нацијата и идентитетот. Резолуцијата е рамка од која не смее да излезе ниту Зоран Заев, ниту која било друга влада. Ако СДСМ и ДУИ го имаат интересот на народот пред се нема зошто да не ја прифатат Резолуцијата. Очекуваме да се надминат партиските интереси и сите да застанат зад интересот на државата, велат од партијата.

Од партијата додаваат дека Резолуцијата ќе биде национален став и како таква може само да ги зацврсти македонските позиции. Апелираме да не се наоѓаат изговори и низ Собрание да се кочи Резолуцијата. Очекуваме одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.