ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ кршат процедури за да Љубомир Јовески биде нов уставен судија како награда за заштитата на криминалите на власта?

ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта на СДСМ и ДУИ јавно да соопштат дали е точно дека за нов уставен судија го спремаат Љубомир Јовески кој сега е прв човек на јавното обвинителство.

-Дали е точно дека зад насилното кршење на процедурите во Собрание и упадот во комисијата за избори и именување е само за цел што едно од имињата за нови уставни судии треба да биде токму Љубомир Јовески? Дали главната заслуга на Љубомир Јовески е затскривањето на криминалите на актуелната влада и политичките процеси и хајки против ВМРО ДПМНЕ, прашуваат од партијата.

Дали е точно дека оваа функција му е ветена од страна на првите луѓе на СДСМ-ДУИ и дали ова е цената за сите премолчувања на криминалите на власта?