ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и’ штетат на државната позиција на Македонија

70

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на ставот на СДСМ кои преку соопштенија до јавноста се’ повеќе и штета на државата и целиот македонски народ.

„ Ги замолуваме луѓето во врвот на СДСМ пред да пуштат вакви соопштенија да се обидат да размислуваат, зошто не само што се закопуваат себе си, туку ја закопуваат и и штетат на државната позиција на Република Македонија“, стои во реакцијата на владејачката партија,

Од таму велат дека Зоран Заев и Радмила Шеќеринска незнаејќи што повеќе да направат, се прават себеси поголеми европјани и од европјаните, па со тоа ги верифицираат грчките позиции спрема Македонија и нанесуваат огромна штета.

„Очигледно е дека СДСМ, односот помеѓу Република Македонија и Република Грција го гледа како обично нарушување на добрососедските односи. Нешто што не е точно, бидејќи Република Македонија ги исполнува сите критериуми за членство во Европската Унија, а грчката позиција е спротивна на сите европски процедури и практики“, потенцираат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.