ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Заев треба да им одговорат на граѓаните за бројните скандали

Криминалниот СДСМ е прочитан од граѓаните и му се ближи крајот па затоа Заев се обидува спасот да го најде во дефокусирање со креирање на лажни вести, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ и во соопштението додаваат дека СДСМ и Заев треба да одговорат на граѓаните за бројните скандали, а не да лажат и измислуваат.

Затоа од опозициската партија прашуваат:

„Каде заврши торбата полна со пари од случајот „Рекет“?

Зошто се уништи добар инсулин?

Зошто функционерите на СДСМ не одговараат пред лицето на правдата?

Каде одат парите со кои СДСМ ја задолжува Република Македонија?“, кионстатирајќи дека и низа други прашања заслужуваат одговор.

За лагите, измамите и потценувачкиот однос кон јавноста, СДСМ ќе го добие одговорот од граѓаните на 12-ти април, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ, заклучувајќи дека граѓаните ќе стават крај на владеењето на криминалната влада на СДСМ и ќе започне обновата на Македонија.