ВМРО ДПМНЕ: СДСМ лицемерно зборува за квалитетот на воздухот, кога истите не превземале ништо за Куманово и Струмица

СДСМ да знаеше како да се справува со загадувањето тоа ќе го направеше со Куманово каде 27 години ја имаат локалната власт, а не е подобра и состојбата и во Струмица, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ денес лицемерно зборува за квалитетот на воздухот и за некаква наводна гасификација која ќе ја правеле по теркот на Струмица и Куманово, кога во овие два града постои само фиктивна гасификација од која граѓаните немаат никаков бенефит, нема поквалитетен воздух, туку само се злоупотребува за лични богатења на партиски функционери’, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, проблемот со квалитетот на воздухот се решава со мноштво мерки кои СДСМ нема капацитет да ги спроведе ниту на локално, ниту на централно ниво.