ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на големо лаже, на жителите на Сопиште нема да им се наплаќа за користење на спортските терени

Како се наближуваат локалните избори, така СДСМ се повеќе лаже на големо. Општина Сопиште и градоначалникот Стефче Трпковски во соработка со невладината организација ЕКО ГРАНД, која е формирана од жители на општина Сопиште го спречува вандализмот и уништувањето на спортските терени од страна на активисти на СДСМ, кои во текот на ноќта ги уништуваат игралиштата за преку ден да можат да држат партиски прес конференции, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Спортските терени се направени во претходниот мандат на градоначалникот Стефче Трпковски со помош од владата на ВМРО-ДПМНЕ за жителите на општина Сопиште да имаат место за спорт и рекреација и тоа така и ќе остане во иднина.

Општина Сопиште и дава право на невладината организација ЕКО ГРАНД да управува со терените, но истата нема да наплаќа влезници, ниту било каков друг вид надоместок за жителите на општина Сопиште. Единствена работа која невладината ќе ја врши а ќе значи новитет при користењето на спортските терени, е тоа што пред да ги користат тениските игралишта, жителите ќе треба да запишат термин, со цел да не се создава гужва.

Невладината организација ЕКО ГРАНД е иницијатива на жителите на Сопиште кои не можат да го толерираат вандализмот на СДСМ.

Жителите од другите општини кои ќе сакаат да ги користат терените, ќе мора да платат влезница и претходно да резервираат термин. Општина Сопиште и градоначалникот Стефче Трпковски со овој чекор им ги прават подостапни спортските терени за жителите на општина Сопиште.

Сите жители на општина Сопиште го одобруваат овој проект, затоа што со тоа ќе се запре вандализмот на СДСМ, но и ќе се направат терените многу подостапни. СДСМ знае дека со воведување на систем на надгледување нема да можат да го уништуваат теренот, и затоа е целата паника и страв.

 СДСМ во Сопиште одамна се статистичка грешка, а по овие лоши деструктивни чекори стануваат целосни маргиналци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.