Социјалдемократите ја втурнаа Република Македонија во длабока криза и поради преголемата желба за власт и обидот да избегаат од соочување со правдата, ги жртвуваше националните и државните интереси на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС го измами народот. Го измами со подметнување на Тиранската платформа по изборите, а потоа и со обид нелегално да изберат претседател на Собрание на Република Македонија“, се истакнува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека вавите постпи претставуваат политичко насилство врз Уставот, законите и Деловникот и од страна на СДСМ е предизвикан гневот кај граѓаните.
Посочуваат дека дополнителна провокација кај македонскиот народ предизвика нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, за кој тврдад дека беше надвор од Деловникот за работа, Уставот и законите.
„Претседателот на Собранието, СДС го избра надвор од сите процедури, на веќе официјално завршена седница, без официјален записник, без стенограм, без право на збор на пратениците. Ваквиот преседан на криминогениот СДС отвора можност за во иднина, на незаконски начин да се повтори ваквата процедура и на ваков начин да се гласа двојазичноста, албанските банкноти, двојазичните униформи, геноцидот и сите елементи од Тиранската платформа“, потсетуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека тоа претставува суспендирање на правниот систем на државата.
ВМРО-ДПМНЕ не поддржува физичко насилство, се истакнува во соопштението, но во исто време го осудуваат и политичкото насилство извршено до СДСМ врз институциите, Деловникот, законите и Уставот.
„Народот бара СДС да ја отфрли Тиранската платформа и да го повлече претседателот на Собрание кој беше избран спротивно на Деловникот на Собранието на Република Македонија. Граѓаните на Република Македонија бараат законите и процедурите да важат за сите и никој да не се осмели истите да ги прекрши или заобиколи.
Време е СДС да го слушне гласот на народот. Време е СДС да сфати дека народот ги прочита, дека е на нозе и оти Македонија се буди“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.