ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува проектите на нашата влада да ги претставува како свои

354

Нула нови странски инвестиции и нула нови отворени места. Ова е билансот од катастрофалните економски политики на деструктивното и расипничко владеење на неспособниот економски тим на СДСМ. Сето друго е лага и фалење со резултатите постигнати во време на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, велат од опозициската партија.

„Освен празни зборови, на денешната прес конференција на Анѓушев и Бектеши јавноста не слушна дека отпочнала со работа макар една компанија која што тие ја довеле да инвестира во Република Македонија. Напротив, СДСМ продолжува проектите на ВМРО-ДПМНЕ да ги претстават како свои. Од тоа што го претставија како нова инвестиција, аргументите велат дека 4 компании се веќе присутни во Македонија и цела година чекаа договор, а неспособната Влада после една година им додели државна помош. Компанијата „Костал“ е веќе постоечки капацитет кој работи и извезува од своите погони во Охрид. Компаниите „Мурат вајаринг систем“, „Чагатај“ и „ВИК“ се компании кои своите одлуки за инвестирање ги донесоа за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ и имаат отпочнато процес на изградба на сопствени капацитети. Овие компании повеќе од година дена чекаа договор“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

„Во новите инвестиции нема, ниту една од големите компании од Западна Европа и САД, ако претходната влада носеше западни мултинационални компании со огромен капитал сега не можеме да видиме ниту една од тие компании. Законот за финансиска поддршка на инвестициите кој го промовираше Владата е штетен за македонската економија и домашните фирми. Законот надвор од секоја пазарна логика дозволува компаниите од зоните, кои се ослободени од данок на доход и персонален данок на добивка во период од 10 години, но и од разни царини да можат да тргуваат и на домашниот пазар. Со ова се создава нелојална конкуренција и компаниите кои не се во зоните се оштетуваат неколкукратно“, се вели во реакцијата на опозицијата.

Овој закон, велат од партијата, не ги согледува основните проблеми на реалниот сектор, односно за немањето можност за излез на европскиот пазар на домашните компании.

Со овој закон нема да се креираат нови работни места и нема да им помогне на македонското стопанство. Ваквиот закон е дестимулирачки за повеќето компании во Македонија, а е во корист само не 4 или 5 поголеми компании вклучувајќи ги компаниите на Кочо Анѓушев. Со новиот закон наместо да им се додели финансиска помош на компаниите на почеток на инвестицискиот циклус кога според економска логика е најчуствителен период и кога компаниите не можат да остварат добивка или раст тие со новиот закон помошта се дели само на компании кои се веќе успешни. Ваквиот однос кон економијата и Буџетот, како кон своја приватна сопственост ја оштетува економијата и ги дестимулира компаниите. Последиците од лошите законски решенија наскоро ќе ги почувствуваат македонските компании, реаграат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.