ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се бори со стравот од избори и со хипотеките кои ги остави зад себе

СДСМ се повеќе тоне во безидејност. Оттаму е потребата партијата која десет години добива црвен картон од граѓаните, да излегува со уште поирационални и уште понелогични соопштенија во јавноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од СДСМ дека „замислените вработувања и инвестиции на Никола Груевски“ од земјава иселиле над 600.000 граѓани.

Едноставната математика вели дека доколку 600.000 граѓани ја напуштиле Македонија, тоа значи една третина или попластично секој трет македонски државјанин си заминал од државата. Уште попластично, во штабот каде што се смислувани овие конструкции, секој трет е во странство. Секоја редакција во медиумите каде пристигнуваат овие нелогични соопштенија е намалена за една третина. Во Сорос и медиумите поддржани од Сорос и СДСМ секој трет познат и неомилен лик во јавноста си заминал. Најпластично, тоа значи дека секој граѓанин има две третини од пријателите и роднините во земјава, а една третина надвор.

Ова е лага. Ова го знае и СДСМ и целокупната јавност.

Проблемот е што СДСМ мора да се бо

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.