ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од фер избори

СДСМ ги урна позициите на Република Македонија на меѓународен план и во спорот со Грција , а од друга страна со криминалот, корупцијата, грабежите на народни пари и неспособноста ја врати државата назад во времето на криминалната транзиција, наместо да ј доближи кон европските стандарди, одговори ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на владејачката партија на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски.

 

СДСМ се плаши од фер и демократски избори. СДСМ се плаши од ефективна борба против криминалот и корупцијата. СДСМ се плаши од професионални и независни институции. Одговорност мора да има за референдумскиот фалсификат и за сите криминали на владата на СДСМ. Македонија е пред нова политичка криза како резултат на неспособноста на Заев  и СДСМ. Излез од политичката криза ќе биде прифаќањето на барањата на ВМРО-ДПМНЕ. Доколку СДСМ навистина сака предвремениизбори , потребно е формирање на техничка пржинска влада, содржински иста онаква каква што имаа СДСМ и Зоран Заев пред изборите во 2016-та година. Одговорност за криминалите на власта мора да има, поради тоа второто барање е ЈО кој ќе е на предлог на опозицијата. Третото барање е формирање на собраниска комисија  која ќе ги разгледа нерегуларностите при референдумскиот процес, за да истите не ни се повторат за време на предизборието и на самиот ден на гласање. Втората опција е Заев и СДСМ веднаш да се откажат од капитулантскиот договор, а потоа да се одржат предвремени парламентарни избори. После изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи создавање на нова обвинителска институција за сузбивање на организираниот криминал и корупција, веднаш по завршување на работата на постојното политизирано јавно обвинителство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.