ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се заглавени во хибридно режимска матрица и само криминал им е во глава

СДСМ се заглавени во хибридно режимска матрица и само криминал им е во главата. Додека Србија гради клинички за 125 милиони евра, Заев сака за идентични таков објект да фрли пола милијарда евра. Тоа е 4 пати повеќе, а објектот ист. Заев не мисли на народот, туку на бизнисите на семејството. Затоа и наместо мерки и проекти имаме најава за Агенција за канабис, со која сака да го зголеми профитот на своите фирми, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија стана извор и производител на дрога, а тоа го видовме и во последната акција на ДЕА во прилепско каде се фати марухуана превезувана од шоферот на Трајче Заев. Кога мисли на енергетика и струја Заеви мислат на РЕК, и на камионите на струмички таблици кои вртеа преку СВ Инвест, но и на 250.000 евра во кеш за Вице. Со СДСМ Македонија тоне, со Заев државата и народот губат, велат од партијата.