ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ спроведува брутална партизација во Струга, единствени на удар се Македонците

Додека граѓаните на Струга беа преокупирани со еколошката катастрофа, која поради несериозноста на новата влада и локалната самоуправа во Струга ја доведе во прашање целата туристичка сезона, која за многу граѓани на овој град е главен извор на приходи, СДСМ се занимаваше со промени на директори и раководни лица на училишта.

Од локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ во Струга обвинуваат дека прв чекор на новата власт е брутална партизација на училиштата.

„СДС е синоним за лицемерие, што има СДС против Струга и Македонците. Едно ветува во опозиција, а друго работи кога е на власт. На изборите ветуваа дека политиката и партијата нема да ги мешаат во државата, а сега Заев дирекнто удри во образованието. Удри по луѓето кои се одговорни за да ги учат и воспитуваат нашите деца. Прв чекор на СДС во Струга е брутална партизација на училиштата. Заменети се директори и раководни лица, а што уште пострашно тоа е наравено надвор од законот, без никаков повод и причина и без никакво образложение“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.

Велат дека единствени на удар се само Македонците и дополнуваат дека колацијата на Заев и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот.

„Смените се прават исклучиво на етничка основа и политички на удар се единствено Македонците. Овие луѓе го дадоа својот максимум и заедно со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, изградија нови објекти, доградби, надградби, спортски сали. Едноставно, она што не го направи СДС додека беше на власт, го направи ВМРО-ДПМНЕ. При тоа единствен критериум беше квалитетот на раководни кадри. Ова што се случува во Струга, во коалицијата на СДС и Села е надвор од сите демократски принципи, надвор од законот и надвор од разумот. Сигурни сме дека оваа коалиција која ги занемарува желбите и потребите на стружани, нема да опстане и ќе почне да се распаѓа токму од Струга“, изјавија од ВМРО-ДПМНЕ Струга.